Изненадувања и богата програма утре во Алфи Би по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 03-ти декември, Алфи Би Компани ги поканува граѓаните во период од 11 до 14 часот на дружење во Алфи Техноцентар Куманово и Скопје!

Алфи Би Компани од 2006 година е регистрирана како заштитно трговско друштво за вработување на лица со попреченост. Веќе 16 години со помош на искусен тим им дава еднакви можности, максимална поддршка за вработување на лицата со попреченост, секојдневно се работи на нивниот кариерен напредок.

Од вкупно 120 вработени компанијата во моментов има 55 лица со попреченст на различни работни позиции, сектори.

По повод меѓународниот ден за граѓаните се подготвени изненадувања, пријатно дружење, максимална забава!

Во Скопје ќе ги пречека водителот Марко Новевски во период од 11 до 12 часот. Во Куманово ќе биде Драган Величковски – Tyzee!

Коментари

коментар(и)