Вкупно 129 возачи добиле казна за возење на дозволената брзина на автопатот од Гевгелија до Куманово во текот на вчерашниот ден.
Од нив, 29 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Засилените акциски контроли, информираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.