Илиевски ветува поголема поддршка од општината за „Порака наша“

Kандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски денеска беше во посета на дневниот центар „Порака Наша“, каде што запозна со проблемите и предизвиците кои ги има овој центар, неговите корисници и вработените. „Лицата со попреченост се наш врвен приоритет, го нудиме најдоброто решение за нивните потреби“, истакна Илиевски.

Тој рече дека е дојден да ги слушне проблемите се со цел да се изнајдат соодветни решенија.

Илиевски се обврза дека веднаш по разгледување на фактичките состојби ќе работи на решавање на овие проблеми.

„Се обврзувам да ја разрешиме секоја закочена работа околу функционирањето на центарот“, рече Илиевски, посочувајќи дека ќе мора да се обезбедат поголеми финансиски средства за функционирање на „Порака наша“ и поголема поддршка од Општината и Советот на општината.

 

Коментари

коментар(и)