Интернационален форум за социјално претпримништво

Интернационален форум за социјално претпримништво се одржа денеска во ресторан Грација во рамките на проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво“.  Главната цел е да се поттикне вклучувањето и пристапот на ранливите категории  на лица и подобрување на условите на пазарот на труд за младите луѓе. Имплементираните активности и постигнати резултати на проектот во периодот од декември 2017-та до април годинава ги презентираше проект менаџерот Оливера Трајковска. Претходно присутните ги поздравија Димитар Ташевски од Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово и Фатрије Арифи од мултиетничката организација на жени, Линда.

Целни групи на проектот се 80 лица со попреченост, 60 лица кои што живеат во оддалечени и рурални области и 50 лица од ранливи категории, а корисници се локални граѓански организации, локални власти во двата региона, локални агенции за вработување, посредници на пазарот на труд, други институции кои работат на полето на социјалната инклузија, образовни институции, бизнис заедницата и граѓани на општините Куманово, Крива Паланка, Штип и Виница. Инаку, на денешниот форум беше претставено едно успешно социјално претпријатие, а свои обраќања пред присутните имаа и претставници на здружението на слепи лица од Врање, здружение на слепи лица од Штип, „Инклузива“, здружение на лица со пречки во развојот „Сплотени срца“  и претставник на граѓанска организација на лица со посебни потреби од Република Бугарија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)