Испорачани дел од новите печатени учебници за основно

Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно утврдената динамика. Веќе е завршена испораката на учебниците по првиот договор  за печатење, што ги опфаќа учебниците за четврто одделение по македонски јазик и по математика, на македонски наставен јазик и учебниците по турски јазик за четврто и петто одделение, на турски наставен јазик.

Испораката на учебниците по вториот и третиот договор ќе се одвива оваа работна недела. Станува збор за 18 учебници.

Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции континуирано продолжува да вложува во нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетен воспитно – образовен процес.

Коментари

коментар(и)