И утре прскање против крлежи во Куманово

На територијата на општина Куманово и утре ќе се врши дезинсекција против крлежи. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот.

Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Третирањето ќе се врши од 5 до 8 часот.

„Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините, како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот“, соопштуваат од  Општината.

Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Коментари

коментар(и)