Во пресрет на Денот на ослободувањето на Куманово – 11 Ноември вечерва на градскиот плоштад ќе се одржи голем концерт на кој ќе настапат Калиопи, Слаткаристика и Тони Зен, а ќе настапат и локалните уметници Лука Чомбе, Еда Јакупи и Бесим Мифтари.
По повод 506 години од постоење на Куманово и 81 година од ослободувањето на градот се организираат повеќе настани.
Денеска во училишната спортска сала на „Перо Наков“ се одржува традиционалниот турнир во мал фудбал – Пехар на градоначалникот.
Вечерва од 18 часот ќе се презентираат резултатите од литературниот конкурс „Куманово во срцето“ во организација на СВР Куманово и НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Во 19 часот во просториите на Аикидо клуб „Агатсу“, ќе започне семинар со аикидо мајстори од цела Македонија.
Во 19.30 часот во недела ќе биде отворена традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници“, во уметничката Галерија при Музеј Куманово.
Традиционално, утре во 11 часот ќе биде положено цвеќе на Спомен Костурница, а во 12 часот во Занаетчиски дом ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Куманово.