Кај лице од Лојане одземена марихуана и семки од канабис

Полициски службеници од СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Р.И.(20 години) од село Лојане, липковско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)