Општинската организација на Црвениот крст од Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина неделава спроведе крводарителска акција која се одржа во општина Старо Нагоричане.
„Акцијата траеше од 08:00 -15:00 часот, а својата хуманост на дело ја покажаа 21 крводарители од општина Старо Нагоричане“, информираат надлежните.