„Крепост“ подари пакетчиња во посебните паралелки

 Хуманитарната организација „Крепост“ и оваа година изнуди искрени насмевки и среќа кај учениците со посебни образовни потреби од основното училиште „Браќа Миладиновци“ подарувајќи им новогодишни пакетчиња.  Веќе традиционално „Крепост “ прва им ги честиташе новогодишните празници на децата во посебните паралелки заедно со Дедо Мраз.

– Ова е втора акција на нашата организација, првата се одржа во Бајловце. Во денешната акција израдувавме педесетина деца, нивните насмевки изразија едно пријатно чувствтво и задоволство кај сите нас. Оваа акција е петта по ред која што ја спроведува нашата организација во ова училиште и се надеваме дека кај „Крепост“ ова ќе стане традиција во наредниот период, изјави Марко Андевски, ХО „Крепост“

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, освен хуманиот гест на „Крепост“, во училиштето „Браќа Миладиновци“ традиционално се организира и акцијата насловена „Од другарче за другарче“.

-Последниве 15 денови постојано слушаме Крепост, Крепост, Крепост, чоколади, чоколади, само тоа се слушаше овие денови. Тие се една хуманитарна организација која што навистина ниту една година не не заборавија, и ние веќе како да ги очекуваме секоја година, како да и дадовме една должност на организацијата, а всушност тие толку ова хумано го сфатија што навистина секогаш први ни се јавуваат дека ќе дојдат со пакетчиња, Дедо Мраз, ќе организираат  фотографирање , изјави Елена Марковска,  дефектолог во ООУ „Браќа Миладиновци“

Во посебните паралелки во основното училиште „Браќа Миладиновци“ настава посетуваат 55 ученици од прво до деветто одделение.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)