СВР Куманово и СВР Тетово поднесоа кривични пријави против Б.Б.(25 години) и А.Р.(29 години) од Липково, А.Б.(27 години) од с.Оризаре, општина Липково, И.С.(38 години) и Ј.Ј.(28 години) од Куманово, Х.Х. (22 години) и Џ.К. (58 години) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените биле затекнати од полициски службеници како без дозвола се движат за време на забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија.