По повод христијанскиот празник „Ѓурѓовден“, КУД „Српски вез“ организира книжевна работилница и поетска вечер со писателот од Врање, Република Србија, Стеван Милошевиќ.
По тој повод ќе бидат промовирани неговите 4 книги, а исто така ќе се представат и членовите на литературната секција на Српски вез со свои творби. Настанот ќе се одржи утре, во просториите на Српски вез со почеток од 19:30 часот.