Кумановец приведен со бела грутчеста материја

Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен викендов во Скопје откако полицијата му пронашла бела грутчеста материја.

Во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(25 години) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Коментари

коментар(и)