Велигденскиот хуманитарен концерт посветен на нашата млада сограѓанка Александра Митровска ќе се одржи вечерва во големата сала на Центарот за култура со почеток во 19 часот и 30 минути во организација на Асоцијацијата за култура и уметност Мулти Арт и ТВ Плус.
Хуманитарната мисија која се одржува на вториот ден по Велигден ја поддржаа голем број музичари од Куманово.
Куманово ќе пее за Александра!
Да купиме билет и да придонесеме за поквалитетен живот на нашата Александра!
Се гледаме вечерва во 19.30 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ !