Во организација на Општинската организација Црвен крст Куманово и Црвен крст Пробиштип, во период од 14 до 17 август 2025 година во основното подрачно училиште ,,Христијан Карпош” во с. Пелинце се одржа летен младински камп на кој присуствуваа 50 волонтери.
Кампот беше на тема „,Млади за хуманост и одржлива иднина“ и истиот имаше за цел зајакнување на соработката помеѓу општинските организации, надградба на волонтерските капацитети преку едукативни работилници и предавања по прва помош и реалистично прикажување на повреди и рани. На кампот покрај волонтери на Црвен крст Куманово и Пробиштип , присуствуваа и волонтери од Битола, Радовиш и од Црвен крст Кочани.
„Дополнително, кампот беше збогатен и со работилница на ,,Youth Association Kreator”. Од страна на ,,Креатор” се одржа кратко предавање за рурално волонтерство и се реализираше интерактивна работилница за волонтерство и младински активизам во рурални средини, што предизвика голем интерес кај младите“, информираат од Црвен крст Куманово.
Кампот беше поддржан од повеќе локални општествено одговорни претпријатија и граѓани и општините Куманово и Старо Нагоричане.