Фото-кино клуб „Козјак” – Куманово во соработка со основното училиште „Карпош” и здружeнието „Рурал Ума Сто“ oд село Умин Дол ќе организира филмска вечер предвидена како летно кино на отворено.
Настанот ќе се одржи утревечер ( 20 јуни) со почеток во 20 часот на училишното игралиште во Умин Дол.
Ќе бидат прикажани филмски проекти изработени од учениците со кои имаат учествувано на државниот конкурс „Средби под jаворите“ во чест на Видое Подгорец, а ФИЛМАЈ ревијата ќе ги прикаже „Налепница“ од Георги М. Унковски со Сашко Коцев во главната улога (најдобар домашен филм на ФИЛМАЈ 2020), и „Јуан од соседството“ (официјална селекција на ФИЛМАЈ 2024).