„Мак Дам “ организираше крводарителска акција

Здружението на спортски риболовци „Мак Дам“  од Куманово денеска  организираше крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст од Куманово. Голем број дарители на крв ја посетија малата сала на центарот за култура и со својот хуман гест станаа дел од петтата, веќе традиционална акција што здружението „Мак Дам“  ја организира еднаш годишно.

-Досега има 35 крвни единици, а очекуваме дека до 14 часот бројката ќе надмине 100. Годинава акцијата е поддржана од градоначалникот Максим Димитриевски. Минатата година собравме 96 крвни единици. Годишно организираме по една акција, но доколку има потреба бројот на акциите може да се зголеми. Има интерес, денеска има дарители кои што првпат даваат крв, но имаме и доста подмладок во здружението , изјави Зоран Стојмановски, Здружение на спортски риболовци  „Мак Дам“  Куманово

Крводарителските акции во организација на рибарското друштво во Куманово секогаш се успешни, вели д-р Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина, апелирајќи до сите здрави луѓе кои што досега не дарувале крв во иднина да ја покажат својата хуманост на дело.

-Сега за сега немаме потреба од вонредни акции.  Ние како Институт работиме по годишен план кој се грижи да биде покриен целиот период на годината односно да имаме доволно залихи на крв. Во случаи каде што немаме , имаме листа на дарители кои што се на повик, меѓутоа тоа ретко се случува. За среќа,  имаме доста хумани луѓе во нашата држава и во Куманово така што недостиг на крв дури и да не постои. Сите мора да знаат и да сфатат дека треба да тргнат од тоа стојалиште дека дарувањето крв е една хумана работа, хуман гест, сите што се здрави штета е да не даруваат затоа што никогаш во животот не знаме кога на нас ќе ни треба таа скапоцена течност, изјави д-р Ефтим Димитровски, Институт за трансфузиона медицина

Денешната крводарителска акција е само една од повеќето активности на спортско риболовното здружение кое што работи согласно годишна програма, вели претседателот на „Мак Дам“, Марјан Вељановски.

-Ние сме спортско риболовно здружение кое се натпреваруваме во сите категории во државава, младинска, детска, сениорска, супер лига , во крапско  натпреварување, тоа е основната цел. л ани имавме и концесија на еден дел ревир од крива река 2 ., имамве обрска за порибување, заштита имавме и своја рибочуварска служба која е опремена со сите средства , имавме и доста успешни акции и пријави од наша страна, од кои некои не се реализирано но сепак ние нашиот дел го имаме завршено. Оваа година немаме веќе концесија , немаме таква обврска и сега ќе ни остане само оној спортскиот дел поточно рибарските натпревари , а ќе најдеме и време да организираме некоја хуманитарна акција , сега е крводарителска, а следната може да биде и во сферата на екологијата, изјави Марјан Вељановски, претседател на спортско риболовно здружение „Мак Дам“ Куманово

Во здружението кое што функционира од 2006-та година членуваат околу 300 рибари од Куманово,евидентирани во Македонската риболовна федерација, посочуваат надлежните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)