Во текот на вчерашниот ден (11.08.2026) во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи, соопшти МВР. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола… За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци.