Меморијален турнир за ракометарката Јасмина Голубовиќ

Меморијален турнир во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ, ќе организира Здружението на активни ракометни ветеранки Куманово, со поддршка на Општина Куманово. По тој повод членките на здружението денеска се сретнаа со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска. На средбата побараа поддршка за организација на турнирот за познатата ракометарка Голубовиќ, која во 60-тите и 70-тите години оставила трaен белег за женскиот ракомет во Куманово.

-На овој град да му оставиме еден меморијален турнир на ветеранки, со кој ќе отпочнеме оваа година некако планиравме да излеземе на терен сите ние што бараме една генерација сме биле, сите да излезат и оние што ќе можат да играат, ние сме активни 15 имаме свое здружение, се дружиме и со ракометната топка се уште и меѓу себе- истакна Лидија Илиевска, претседателка Здружение на активни ракометни ветеранки Куманово.

-Жена која даде голем придонес за спортските успеси на женскиот ракомет во Куманово во 60-тите и 70-тите години, извонреден играч. Два пати со таа генерација со Наташа Алексовска, Владанка Алексовска, Наташа Божиновска и многу други, два пати се бореа за првата југословенска лига не успеаа. Јасе беше главен играч во таа екипа и прекрасен човек кој ја мотивираше целата екипа. За жал млада почина на 42 години и кога требаше да придонесе уште за понатамошниот развој на женскиот ракомет од тешка болест таа почина- посочи спортскиот новинар, Марјан Стошевски, кој е посредник на средбата.

Градоначалникот Димитриевски даде поддршка на иницијативата, нагласувајќи дека ова е вистински начин да се сочува споменот, трудот и придонесот на заслужните спортисти, како пример за идните генерации.

-Ова е еден убав пример да се обноват спомените и на неа, а вие да го дадете својот придонес како активни учесници во спортот и за неа и за нашиот град. Јас како градоначалник и општината ќе ја поддржи оваа иницијатива, која што е од ревијален карактер но со интенција да се трансформира во традиционален турнир а веќе во тековна 2023 година преку вашето здружение ќе можете и активно да поднесувате апликација во општинскиот сојуз на спортови за планирање на редовни финансиски средства и финансирање на ваквиот меморијателен турнир-истакна тој.

Турнирот е планирано да се реализира во март, на реконструираното спортско игралиште во Соколана. На ревијалниот натпревар на ветеранки на ЖРК Куманово, ќе учествуваат ракометарки од повеќе генерации на клубот.

Коментари

коментар(и)