(ВИДЕО) Министерот Спасовски се вакцинираше против Ковид 19

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја прими вакцината против Ковид 19.  Посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон вакцинација, за што поскоро да излеземе од пандемијата. Нагласи дека сите вакцини се проверени и квалитетни, и ги повика граѓаните да се вакцинираат. Спасовски се вакцинираше во регионалниот центар за вакцинација во Куманово.

Навистина само вакцинацијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест, Ковид-19 и затоа е многу важно сите граѓани од Куманово и од нашата земја што е можно во поголем број да се пријават за вакцинирање. Сакам да го изразам задоволството што кај граѓаните на Куманово има добра пријавеност за вакцинирање, веќе и над десет од населението на градот се имунизираше, што покажува на дело за една одговорност што ја имаме и како град и како луѓе во делот на вакцинирањето-изјави Спасовски.

Првиот човек на македонската полиција изрази и благодарност до медицинските лица за спроведување на вакцинацијата.

 

Коментари

коментар(и)