(ВИДЕО) Мисајловски: Програмата предвидува и помош за домашните компании

Странски инвестици нема, затоа мора да ги помогнеме домашните компании, истакна по средбата со економските субјекти во Куманово, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, носителот на советничката листа, Елена Доцевска Божиновска, пратеникот Бране Петрушевски и целиот комитет се обидуваме максимално да дадеме поддршка за Тони Михајловски, нашиот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој сака да создаде нова иднина тука во Куманово, каде што има навистина извонредна програма, да допре до секој граѓанин во Куманово. Ги поканувам сите граѓани да ја погледнат програмата, Не е само инфраструктура, се работи за проекти каде што освен инструктурата, и за културни настани има многу проекти, има и за инвестиции, нови индустриски зони, но има и како да се помогне на сите домашни компании. Затоа исто така ќе продолжиме со нашата агенда денеска да се сретнеме и со повеќе економски субјекти, да разговараме за нивните проблеми, она што им е потребно а се разбира и да ја прикажеме програмата. Ние знаеме дека странски инвестиции нема во Македонија или тоа е сосема малку за овој македонски народ, но затоа мора да ги помагаме и домашните компании-истакна Мисајловски.

Коментари

коментар(и)