Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Темaтски состанок на Влдата за Партнерство за отворена власт.
Освен што истакна дека Македонија стои цврсто на патот на реформите, на европската интеграција и на борбата против корупцијата, Мицкоски кажа дека нашата држава се соочува со нов скандал – нелегално прислушкување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години.
-Јас лично, тогаш како претседател на најголемата опозициска партија, денеска како премиер заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата. Сакам да порачам: Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Народот предолго бил жртва на злоупотреби, на корупциски шеми и на тајни центри на моќ. Времето на недопирливи заврши – кажа Мицкоски.