„Можеме“ – изборна програма на СДСМ и коалицијата

1000 нови работни места  и поголем раст на сите плати, грижа за сите граѓани, ред, дисциплина и правда, сите за еко држава, влеговме во НАТО, а можеме и во ЕУ се петте столба на кои се темели изборната програма на СДСМ и коалицијата „Можеме“ претставена на 24-от Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз. Со мерките и политиките во изборната програмата градиме економски силна и стабилна земја, рече на денешната прес-конференција, портпаролката на општинската организација на СДСМ, Катерина Пешиќ –Бошковска.  

-Праведна, правична и правна држава, членка на НАТО, земја која успешно преговара со Европската Унија. Зелена, еколошка, дигитализирана, иновативна држава која има што да им понуди на своите млади. Развиваме држава за достоен живот. Држава со пристојна живеачка за сите. Градиме систем во кој трудот на работниците се вреднува и плаќа. Плата од која останува и за живот. Сакаме држава во која младите остануваат и напредуваат. Ако можевме за две и пол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите до сега, сигурни сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро, рече Катерина Пешиќ – Бошковска, портпарол на ОО на СДСМ Куманово

Минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот  е понудата на СДСМ до граѓаните, вели Пешиќ- Бошковска.

-Покажавме дека со СДСМ платите растат повеќе и побрзо. Но, знаеме, можеме и ќе обезбедиме да растат уште повеќе, за уште подобро за граѓаните. Затоа на овие избори имаме двојно подобра понуда. Сите изборни единици се предводени од тандем носители маж и жена кои заедно со сите 120 кандидати за пратеници ќе работат двојно повеќе за да биде уште подобро. СДСМ постави нови стандарди во политичкото делување, затоа што ја предводиме најголемата и најразнолика коалиција. Затоа нема дилеми. Коалицијата предводена од СДСМ е победничка коалиција на изборите на 12 април, рече Пешиќ –Бошковска.

На крајот на прес-конференцијата портпаролката на општинската организација упати апел до сите сограѓани  да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и Владата на РСМ, во врска со тековната сосотојба со коронавирусот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)