МОН ги објави резултатите за ученички стипендии

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии.

Најдоцна до 3 декември, секој добитник на стипендија треба да го симне и пополни во три примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН.

Одбиените кандидати ќе имаат можност да поднесат приговор до Министерството, откако на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

МОН доделува стипендии за: социјална поддршка на ученици; за ученици со посебни потреби; за талентирани ученици; за талентирани ученици – спортисти; за талентирани ученици – уметници;  за ученици запишани во дуални паралелки; за запишани во тригодишно стручно образование; за ученици Роми и за ученици од наставата за неколку видови струки.

 

Коментари

коментар(и)