Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица. Целта на овие принципи е да се постигне рамномерна поддршка со Оперативниот план, која нема да биде селективна и која ќе ги опфаќа сите категории на граѓани. Ова е дел од она што беше кажано на денешната прес конференција, а останатиот дел ќе го слушнете во продолжение од претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска.