Во општина Куманово заклучно 13:00 часот како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 13,34% од гласачите, односно 12.470 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Податоците се базираат на обработени 99,40 отсто од избирачките места.
Споредено со излезноста во првиот круг се евидентира намалување бидејќи тогаш до 13:00 часот своето право на глас го оствариле 16,46% од гласачите.