Со полагање свежо цвеќе на паднатите борци на Спомен Костурница утре традиционално во 11 часот ќе се одбележи 11-ти Ноември, Денот на ослободување на Куманово.
По положување на цвеќе во Центарот за култура ќе започне свечената седница на која ќе се доделат Ноемвриските награди, кои годинава ќе ги добијат пет физички и две правни лица.
На градскиот кеј ќе се одржи и велосипедската трка 11-ти Ноември. Од 10 до 16 часот во салата на економското Перо Наков ќе се одржат и кошаркарскиот турнир и турнирот во женска кошарка.