Телевизија Плус и Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти Арт“ и годинава ги собраа на едно место луѓето кои успешно веќе неколку години неуморно ја засмејуваат публиката од својата саркастична перспектива и на автентичниот кумановски дијалект: шоуто „Нема љутиш“, Кабаре Кабает, ветераните на кумановската шега „Куманија“, неповторливиот Марко Трајковиќ, поткастот „Поткастрување“, минатогодишниот победник од „На смешка“ – Теодор Јакимовски, младиот правник со истенчена смисла за хумор – Мартин Ивановски…а, како изненадување на вечерта ќе се појави и еден култен кумановски лик, за кого се зборува дека најубаво кажува вицеви и кого публиката го нема видено одамна.
„На смешка“ на 28 јуни, сабота, НУЦК „Трајко Прокопиев“, почеток 19.30 ч.
Билетите се во продажба на билетарата на Центар за култура од 17:30 до 19:30 часот, а можете да купите и пред самиот настан „На смешка“.
Цената на билетот е само 200 денари.
Ве чекаме кумановци!