Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на повеќе локации во кумановско и липковско.
Пожарникарите во различни временски периоди од денот гаснеле опожарени стрништа, сува трева, смет и нискостеблеста шума во Речица, Средорек, Љубодраг, Романовце, Ваксинце, но и на градските гробишта, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.