Во кружната сала во поранешен Комитет во петок ќе се одржи 14-тата седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред ќе се најде одлука за верификација на мандат на член на Советот на општината, откако досегашниот советник Николај Павловски од Наше Куманово поднесе оставка.
Советниците ќе ја разгледаат информацијата за превземени мерки и активности на Полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2022 година, потоа ќе следи Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – со финансиски план, програмата за уредување и одржување на градско зеленило, предлог –Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – за утврдување на недвижна ствар која треба да биде предмет на јавно наддавање за издавање под закуп.
Ќе се зборува и за годишниот извештај како и годишната програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“, како и за предлог одлуката за давање согласност на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 6 (шест) работници по пат на отстапување од агенција за привремени вработувања за период до 1 (една) година.
Ќе следи и годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Североисточниот плански регион, како и извештајот, предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година, предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура, предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата, како и предлог – Програма за изменување на Програмата за урбанистичко планирање.
Советниците ќе расправаат и за предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за социјална заштита, предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2022 година, предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2022 година, предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за паркинг простори и јавно осветлување „Куманово – паркинг‘‘.
На дневен ред ќе биде и квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал, предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово, предлог – Одлука за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово, предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане, предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово.
Ќе следат и решенија за констатирање престанок на мандат на членови на комисии. Седницата која ќе започне во 10 часот, ќе можете да ја следите во живо на телевизија Плус.