Во просториите на амбулантата во населбата „Гоце Делчев“ од понеделник ќе започне да функционира нов лабораториски пункт како дел од специјалистичко-дијагностичка лабораторија на јавната здравствена установа Здравствен дом Куманово.
Во пунктот ќе се врши земање на примероци и обработка на сите анализи, кои рутински се работат во лабораторијата.
Од установата велат дека пунктот се отвора исклучително за потребите на пациентите. Како институција продолжуваат да се грижат за доброто на пациентите и обезбедување поквалитетни и подостапни услуги за сите.