Нови 73 казнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.04/16.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 123 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 73, во Крива Паланка 33 и во Кратово 17.

За нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период евидентирани се четири непочитувања на забраната за движење во Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)