За потребите на одделот за радиологија е набавен нов ехо-апарат, со што се унапредуваат условите за работа и можностите за навремена и квалитетна ултразвучна дијагностика.
„Оваа инвестиција е значаен чекор кон модернизација на дијагностичките капацитети на болницата, обезбедување подобри услови за работа на нашиот медицински персонал и унапредување на здравствените услуги за пациентите. Современата медицинска опрема, во комбинација со знаењето, искуството и посветеноста на нашиот стручен тим радиолози и медицински персонал е важен предуслов за поквалитетна дијагностика и подобра грижа за секој пациент.
- раководител – спец. д-р Изаир Биљали
- спец. д-р Славица Јакимовска
- спец. д-р Њомза Арифи
- спец. д-р Линда Аслани
- спец. д-р Адвие Мемти-Тефику
- спец. д-р Шеримет Аслани
- одговорен рендген техничар – Ирена Тасевска
Ехо апаратот е во вредност од 5.074.000,00 денари и е дел од вкупната набавка на медицинска опрема во вредност од 108.000.000,00 денари овозможена од Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Владата на Република Македонија“, соопштија од ЈЗУ Општа болница Куманово.