На повеќе локации во Куманово вчера полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, Полициска станица за безбедност на патиштата во сообраќајот Куманово и Општинскиот совет за превенција спроведоа превентивни активности „Носи кацига и заштити го животот“.
Со превентивните активности беа опфатени велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети.
Полициските службеници преку директна комуникација им даваа корисни совети на граѓаните и им ја потенцираа важноста за носење кацига со цел да се избегнат посериозни повреди при евентуална сообраќајна незгода, а им поделија и едукативен печатен материјал, изготвен од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, во кој покрај советите за задолжително носење на кацига, опфатени се и останатите правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.