Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода четворица кумановци. Тие се сомничат дека на улица „Моша Пијаде“ физички нападнале 72 годишна жена и ѝ одзеле чанта. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.
Ограбена жена на улицата „Моша Пијаде“
