Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 82 денари, Еуросупер БС – 98 ќе чини 84,50, а Еуродизел 77 денари
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98 за 1,00 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 82,00 денари, Еуросупер БС – 98 ќе чини 84,50, а Еуродизел БС 77,00 денари.
За 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство и литар ќе се продава за 76,50 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот за 0,06 денари и килограм ќе чини 42,2 денари.