Од утре „Светот на Биби“ и во нашиот град

Најновото продажно место на „Светот на Биби“ е во Куманово. Од утре (среда) ќе можете да ја посетите најновата локација, која се наоѓа на Бул. „Трета македонска ударна бригада“, наспроти ресторанот „Рим – Париз“.

– Преку продажните места, омилените производи со Биби, Боби, Дино, Зази, Зина и нивната дружина пристигнуваат во уште среќни домови. Во тек се велигденските специјални пакети, како и попусти од 20, 40 и 50% на одредени производи. Попустите важат во сите наши продажни места. Зарем има поубав подарок за децата од сликовница, игра и време поминато со најблиските. Со отворањето на продавницата во Куманово нашите производи се достапни на 9 локации, во 7 града низ Македонија. Секако, достава вршиме секаде и секогаш преку e-продавницата svetotnabibi.mk – велат од „Светот на Биби“.

Оттаму додаваат дека најзаслужни за ова се родителите, кои го препознаваат квалитетот на производите од „Светот на Биби“. На секоја игра, сликовница, илустрација, работи тим од посветени професионалци. „Светот на Биби“ е целосно македонски производ кој ги следи светските стандарди во однос на забава и едукација на најмладите. Затоа што децата се најважни, тие се учителите на следните генерации!

Читајте им на вашите деца и дружете се со нив, а играњето на друштвени игри со домашните е секогаш добра идеја.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)