Омбудсманот отвори телефонска линија за пријава на повреда на правата за време на пописот и локалните избори

Граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата за време на пописот и за Локалните избори 2021 година, од денеска ќе можат да пријават во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатна телефонска линија  0800 54321.

-По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да биде следена вообичаената постапка за поднесување претставка, туку претставки ќе се составуваат телефонски. Важно е да се истакне дека Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со барање брзо и ефикасно постапување од надлежни органи во процесот на пописот и изборите и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на загарантираните права на граѓаните, се наведува во соопштението на Омбудсманот.

Телефонската линија ќе функционира во текот на времетраењето на пописот и двата круга од локалните избори.

Коментари

коментар(и)