ООУ „Вук Караџиќ“ ќе одбележи осумдесет години постоење во Куманово

Општинското основно училиште „Вук Караџиќ“ годинава одбележува 80 години од своето постоење. По повод осум децении успешна воспитно-образовна дејност во Куманово, в петок ( 7 ноември) во Занаетчискиот дом со почеток во 19 часот ќе биде организирана свечена приредба по повод патрониот празник на училиштето.

Кумановското училиште го носи името на Вук Стефановиќ Караџиќ (роден во Трсиќ во 1787 година, починал во 1864 година во Виена), најзначајната фигура во српската литература во првата половина на 19-от век.
​Поголемиот дел од својот живот го поминал во Виена, но тој никогаш не ја заборавил својата земја. Честопати претстојувал во Србија, каде што започнал со собирање на српските народни песни, со реформа на кирилско писмо и со борба за воведување на народниот јазик во српската книжевност. Со реформите на  Вук во српскиот јазик е воведен фонетски правопис, а српскиот јазик го потиснал словенскосрпскиот јазик, кој во тоа време бил јазикот на образованите луѓе.
Во првата половина на 19 век, со помош на тогашните врвни филолози, како што се браќата Грим и австриските власти претставени од Јернеј Копитар, Вук Караџиќ направил реформа на српскиот правопис, со што направил големa разлика помеѓу поранешната српскословенската култура и новиот стандард…

Инаку, „Вук Караџиќ“ е единствено училиште во Куманово со едносменска настава, а обезбедува и продолжен престој на учениците од прво до четврто кои што заради одредени причини имаат потреба да останат во училиштето и по завршувањето на наставата.