Во центарот на Куманово вчеравечер изгоре куќа во сопственост на 83-годишен кумановец.
– На 05.01.2025 во 20.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Прохор Пчински“ во Куманово настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Д.(83) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според полицијата, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово, соопштија надлежните.