Пожарникарите од Куманово рано утрово околу два часа гаснеле пожар во Средорек. Дојавата за пожарот, кој избувнал на локација со отпад и диви депонии била примена во 05:35 часот, по што екипите интервенирале, соопштија надлежните.
Екипа на ТППЕ Куманово интервенирала и на пожар во сендвичарница на улицата „Борис Кидрич“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.