Паркиран автомобил вчера бил опожарен во Куманово.
Според СВР Куманово, синоќа во 20.40 часот било пријавено дека на улицата „Гоце Делчев” во Куманово настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто” со кумановски регистарски ознаки, сопственост на 25-годишен кумановец.
Интервенирала и екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, повредени нема.
СВР Куманово извршила увид на место на настанот.