Отворена изложба на фотографии од НОБ

Во Занаетчискиот дом синоќа се одржа уште еден културен настан, во чест на 11 Ноември, Денот на ослободување на Куманово. Изложбата на фотографии на тема од Народноослободителната војна е во организација на Фондација за култура и спорт со историското одделение при НУ Музеј– Куманово. Присутните имаа можност да видат ретки и уникатни фотографии од Денот на ослободување на нашиот град, формирање на познатите кумановски бригади, на народните херои, кои ја донесоа долгоочекуваната слобода на Куманово.

Коментари

коментар(и)