Во Занаетчискиот дом синоќа се одржа уште еден културен настан, во чест на 11 Ноември, Денот на ослободување на Куманово. Изложбата на фотографии на тема од Народноослободителната војна е во организација на Фондација за култура и спорт со историското одделение при НУ Музеј– Куманово. Присутните имаа можност да видат ретки и уникатни фотографии од Денот на ослободување на нашиот град, формирање на познатите кумановски бригади, на народните херои, кои ја донесоа долгоочекуваната слобода на Куманово.