Отворен нов Клуб на пензионери

Во огранокот Благој Стевковски-  Гојчо вчера се отвори Клуб на пензионери, место каде што пензионерите ќе имаат можност корисно да го трошат своето време. Претседателот на здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски посочува дека согласно програмата уште на почетокот на годинава се договориле акцент да биде ставен на отворање на нови клубови за своето членство и унапредување на работата на ограноците, кои што се дел од здружението во Куманово.

 -Денеска е таков ден каде што го отвараме овој нов клуб каде што сметаме дека пензионерите ќе се дружат, ќе играат шах, ќе гледаат телевизија, ќе се информираат меѓу себе, се, да создадеме услови пензионерите да се чувствуваат пријатно и подолго да си го користат минатиот труд во забава и престој во овој клуб. Работиме заедно со локалната самоуправа да ни обезбедат некои простории каде што има за тоа реални можности, се во функција на подобрување на положбата на пензионерите, изјави Благе Јакимовски, претседател на Здружение на пензионери „Куманово“

На свеченото отворање на новиот клуб присуствуваше и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, која што потенцираше дека со отворањето на клубови, здружението на пензионери од Куманово гради сериозен однос кон пензионерите, односно своите членови. 

На ниво на општината во рамките на здружението работат 25 ограноци, а отворени се вкупно шест клуба, заедно со последниов „Благој Стевковски -Гојчо“. На ниво на државата пак, опстојуваат над 400 клубови, а Сојузот го сочинуваат 53 здруженија на пензионери од целата држава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)