Отпочна реконструкцијата на Центарот за вработување

Куманово ќе добие реконструиран Центар за вработување. Во рамките на проектот „Модернизација, санација и адаптација на Центарот за вработување Куманово“ веќе отпочнаа градежните активности на објектот, а предвидено е да бидат завршени за два месеца. За обновата на центарот ќе бидат потрошени над  9.700.000 денари.

Како што информира раководителката Марија Димитријевска, зградата која постои од шеесетите години, ќе добие нова фасада, ќе се заменат покривот и прозорците, со што ќе се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект, а ќе се изврши замена и на водоводната и канализациона инсталација.

– Граѓаните на Општина Куманово ќе добијат модерен софистициран објект кој ќе биде комплетно реновиран. Невработените лица и работодавачите услугите ќе можат да ги добијат на место кое ќе биде реновирано согласно нивните потреби и барања. Ќе биде сменет и системот за греење со што значително ќе се намалат трошоците на греење на објектот.  Проектот „Модернизација, санација и адаптација на објектот на Центарот за вработување Куманово“ чини 9.707.442,16 денари,  изјави Марија Димитријевска, раководителка на Центар за вработување Куманово

Реконструкцијата на Центарот за вработување Куманово е прва реконструкција предвидена согласно планот за јавни набавки од проект на ИПА фондовите, со кој е предвидена реконструкција на 3 објекти во различни региони на државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)