Спортистите пензионери од Здружението на пензионери Куманово на 25-от Републички спортски пензионерски натпревар, кој се одржа во Велес постигнаа голем успех .Освоија пехар за прво место и станаа севкупен победник на натпреварот.
– Пехарот ќе ги краси витрините на Здружението до наредниот Републички натпревар во 2022 год-изјави претседателот на ЗП Куманово, Благе Јакимовски.