Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Куманово упатува апел до граѓаните да се вклучат во вонредната летна крводарителска акција, поради намалените резерви на крв. Акцијата ќе се одржи на 18.08.2026 година (вторник) од 10:00 до 15:00 часот во холот на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
„Во летниот период потребите од крв се зголемени, а резервите се намалени. Затоа, секоја дарувана единица крв може да биде од огромно значење и да спаси човечки живот. Ги повикуваме сите здрави и полнолетни граѓани кои можат да даруваат крв да се приклучат кон акцијата и со својот хуман гест да помогнат некому на кого му е најпотребно“, велат од Црвен крст Куманово.