Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишиле од слобода осумнаесетгодишен кумановец, поради кражба.
„Утринава по 02 часот, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р (18 години ) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во куќа. Кај него биле пронајдени украдените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот. С.Р. бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“-информира полицијата.