Почна со работа модуларната Ковид болница во Куманово

Почна со работа модуларната ковид болница, објавија надлежните од Општата болница Куманово. Болницата ќе има капацитет од 33 легла, а опремена е со целокупна опрема за болничко згрижување на пациенти. Веќе денеска е примен првиот пациент, соопштија надлежните од болницата.

За потребите на ковид пациентите на инфективно, ангажирани се инфектолози и општи лекари.

– Во Ковид 2 и Ковид 3 ќе бидат ангажирани интернисти, невролози и општи лекари, соодветен здравствен персонал. Посакуваме да имаме што помал број пациенти и што поскоро да се избориме со вирусот – стои во изјавата на директорката на болницата, Снежана Захариева.

Модуларната ковид болница се наоѓа во непосредна близина на инфективното одделение.

Претходно, во кумановската болница, за време и по есенскиот бран, ковид заболените се лекуваа во три ковид центри, инфективно одделение, невролошкото како и одделението за уво, грло и нос. Воедно, беше адаптиран и посебниот објект за патологија, што беше наменет за дневна болница.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)